Хаваи: Казни за пешаците кои гледаат во мобилниот телефон и преминуваат улица

22

pedestrian-1870889_960_720

Фото: Pixabay

Пешаците кои гледаат во мобилниот телефон или пишуваат пораки додека преминуваат улица во главниот град на Хаваи, Хонолулу, ќе бидат казнети со парична казна од 15 до 99 долари.

Забраната за пешаците кои не внимаваат на сообраќајот ќе стапи на сила од крајот на октомври, пишува Guardian. Законот предвидува на ист начин да се казнуваат и пешаците кои гледаат во слични уреди како камера, таблет…

Според новите правила, полицајците ќе ги “ловат“ пешаците кои преминуваат улица гледајќи во телефонот. Ако првпат прават ваков прекршок, казната ќе изнесува од 15 до 35 долари, за вториот пат од 35 до 75 долари, а ако по трет пат ја повторат казната ќе платат од 75 до 99 долари.

Истражувањето на Мериленд Универзитетот покажува дека 11.000 пешаци во САД се повредени како резултат на гледање во телефонот додека се движат по улица во период од 2000 до 2011 година.