Хонг Конг на прво место според бројот на милијардери

25

Хонк Конг го симна Њујорк од тронот на листата град со најмногу милијардери, пишува CNN. Според истражувањата на компанијата Wealth-X во овој кинески град моментално живеат најмногу луѓе чиешто богатство изнесува над 30 милиони долари.

Њујорк беше прв на листата од 2011-та па наваму, односно, од годината кога започна рангирањето од страна на Wealth-X.

На листата на најбогати жители на Хонг Конг свое место загарантираа милијардерот Ли Ка-шинг кој е во бизнисот со телекомуникации, енергетика и контрола на пристаништа низ целиот свет, како и Пони Ма и Џек Ма основачите на Tencent и Alibaba.

По Хонк Конг и Њујорк на листата градови со најмногу милијардери се најдоа и Токио, Лос Анџелес, Париз, Лондон, Чикаго, Сан Франциско, Вашингтон и Осака.

Фото: Pixabay