HOPii – домашна мини пиварница

57

f39167d1c7906094ffe14c8f7131ac07_original

Фото: Kickstarter

HOPii е апарат што може да произведува пиво во домашни услови. Доаѓа во пакет со сите потребни состојки и технологија што се потребни за добивање на овој пијалак. Апаратот има високо контролиран систем за ферментација без кислород, се чисти само со еден допир, што значи дека не мора да се расклопува.

Треба само да се стават состојките во HOPii и да се притисне копчето START. Апаратот ги користи истите состојки коишто се употребуваат и во големите пиварници, а откако пивото ќе биде готово може да се пие директно од славината.

Со помош на различни паметни сензори и алгоритми, HOPii создава контролирана средина за постојана ферментација. Сензорите го следат и контролираат времето на ферментација, притисокот и температурата. Во зависност од видот на пивото, подготовката трае обично седум дена или помалку.

Мини пиварницата има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 324.262 долари од побараните 50.000 долари.