Igloohome – паметен катанец за поголема сигурност

56

Паметниот катанец igloohome има повеќе намени и е лесен за користење. Погоден е за лични потреби, како и за бизниси каде има поголема фреквенција на луѓе.

Катанецот освен рачно, се управува и со мобилна апликација. Корисниците можат лесно да пристапат преку PIN кодови или Bluetooth клучеви и самите да одредат колку долго сакаат истите да бидат валидни. Исто така кодовите можат и да се испраќаат до други корисници преку мобилната апликација и да се следи времето кога некој пристапил до катанецот.

Преку igloohome апликацијата се испраќа Bluetooth клучот до одреден корисник, кој потоа ја инсталира апликацијата, регистрира профил на истата, го превзема клучот и потоа го користи за да го отклучи катанецот.

Кога батеријата, чијашто трајност е една година, ќе биде при крај, стигнува известување до корисникот дека е потребна замена.

Катанецот тежи 400 грама, изработен е од висококвалитетен челик и е отпорен на ектремни температури од -25 до 75 степени целзиусови.

Производот е дело на старт-ап од Сингапур и има своја кампања на платформата Indiegogo. Досега има собрано 105.390 долари. Кампањата трае уште еден месец, а првите испораки се очекуваат во април 2019.