Ikea ја отвори својата прва продавница во Индија, а за испорака ќе користи електрични рикши

35

Индија ја доби првата Ikea продавница, а менаџментот планира да користи електрични рикша возила за испорака.

Овој вид на превоз е типичен за Индија, па токму затоа Ikea сака да ги употреби како средства за транспорт, пишува Electrek.

Рикшите се очекува да сочинуваат 20% од целокупната флота за испорака на шведската компанија за мебел, а истите ќе бидат одлично решение за навигација низ уличниот метеж. Освен тоа овие возила ќе можат да сообраќаат и низ места каде има тесни улички.

Електричните рикши ќе ги обезбеди сервисот за дистрибуција на возила GATI-KWE, а исите ќе се полнат во продавницата на Ikea. За таа цел ќе бидат обезбедени 4.000 сончеви панели на покривот од објектот, а добиената енергија ќе се искористи и за осветлување и други потреби во самата продавница.

Фото: Facebook