iKeyp – сеф за безбедно чување на секакви предмети

39

ikeyp_uses_product_pills

Фото: iKeyp

Некои работи е потребно добро да бидат заштитени, безбедни на сигурно место. iKeyp е паметен сеф што ги чува предметите во него, притоа овозможувајќи му на корисникот лесен пристап. Во него можат да се чуваат секакви предмети од документи и пасоши до лекови.

Сефот е поврзан со апликација на смартфон којашто го потсетува корисникот доколку треба да земе нешто од него и алармира ако некој се обидува да го отвори. За пристап до внатрешноста на сефот може да се користи мобилен телефон, вградената тастатура или резервен клуч.

iKeyp е поврзан со интернет, па така корисникот може да добива известувања за состојбата во реално време. Сефот, исто така, има безбедносна преграда за контрола на влажноста.

Купувачите можат да одберат од трите типа на заштита iKeyp® Pro, iKeyp® Bolt, iKeyp® XL. Секој сеф е опремен со потребната технологија што ги чува предметите и документите на безбедно место. Можат да се инсталираат било каде и на многу лесен начин.