Информатичкиот вирус Нитол откриен во новопроизведени компјутери

48

Американската софтверска компанија Мајкрософт од вкупно 20 анализирани новопроизведени компјутери откри четири заразени со штетен софтвер, во најголем дел со информатичкиот вирус Нитол, објави интернет страницата expansion.com.

Вирусот Нитол овозможува информатичките кибернетски криминалци да вршат злоупотреба на личните податоци на корисниците на компјутерите со цел да дојдат до нивните банкарски податоци. Во извештајот на компанијата Мајкрософт се наведува дека компјутерите биле заразени во текот на производството во одредени фабрики во Кина.