Insurance Europe: 12-та меѓународна конференција за осигурување

29

Осигурениците играат важна улога во градење и одржување на функционалноста на денешното општество и економија. Преку постојано советување и следење на најновите методи во овој сектор се обезбедуваат дополнителни совети, експертиза и финансиска сигурност за сите вклучени чинители во оваа област. Темите кои се секогаш активни се во области кои вклучуваат ризик од природна непогода, сајбер безбедност, заштеди во пензија и инвестиции во инфраструктура, осигурителната индустрија ги поддржува владите во нивните напори да обезбедат еластичност.

Insurance Europe следејќи ги овие промени, организира и упати покана за конференција којашто ќе се одржи на четврти јуни 2020 година во Брисел со најголемите имиња од врвот на осигурувањето.

Говорници ќе бидат Томас Буберл, извршен директор на AXA Франција, Џонатан Диксон, генерален секретар на Меѓународното здружение на супервизори на осигурување, Маркус Фербер, европратеник, Свен Гиголд, европратеник, Моник Гојанс, извршен директор на Европската потрошувачка организација, Сеиџи Инагаки,  претседател на Даи-ичи Лајф Јапонија, Кира Питер-Хансен, европратеничка, Соња Ротиерс, извршен директор, Лојд-регионален директор, Морис Тулох, извршен директор, Авива, Велика Британија, Хилде Вернајлен, извршен директор, П & В осигурување, Белгија и Јоаким Венинг, претседател, Минхен Ре, Германија.

Прочитајте повеќе за програмата и регистрацијата на официјалната страница на конференцијата.

Фото: Insurance Europe