Источна Европа на удар на вирусот “црвен октомври”

38

Red October Infographic KasperskyРуската компанија Касперски соопшти дека идентификувала компјутерски вирус “црвен октомври” во земјите на источна Европа, кој собира доверливи податоци заштитени со енкрипција НАТО и ЕУ.

Касперски наведува дека “црвен октомври” содржи единствен модул за оживување кој се крие во програмите Adobe Reader и Microsoft Office. Тоа на напаѓачите им овозможува повторен пристап до компјутерот, иако вирусот претходно е откриен и отстранет.

Вирусот заразил и паметни телефони и собира информации за кориснички налози, кои потоа ги тестира на други системи.

На мета на “црвениот октомври” се најдоа дипломатски служби и државни агенции од различни земји, истражувачки институти, енергетски и нуклеарни групации, но и вселенскиот и трговскиот сектор. Примарна мета се земјите од источна Европа, поранешните советски републики и земјите од централна Азија, соопштија од Касперски.