Извештај за осигурителниот пазар во БиХ за 2019 година

21

Adriatic Osiguranje d.d. Sarajevo ја задржа водечката позиција на пазарот на осигурување во Босна и Херцеговина, а Sarajevo-Osiguranjе му е зад петици, покажуваат првичните податоци од Агенцијата за осигурување на БиХ, пренесува Indicator.ba.

Adriatic osiguranje d.d. Sarajevo, кое функционира под ова име од 1 јануари 2018 година, откако го го купи Zovko osiguranje, заработи бруто премија од 34,9 милиони евра минатата година.

Растот Adriatic osiguranje d.d. Sarajevo во минатата година во однос на 2018 година беше нешто помалку од 4%, а неговиот удел на пазарот е 8,98%.

Sarajevo-osiguranjе ја зазеде втората позиција на Uniqa Оsiguranjе, благодарение на пораст од 12,8% минатата година. Вкупната запишана премија Sarajevo-osiguranjе на крајот на минатата година беше 34,2 милиони евра, што е за 3,5 милиони евра поголема од 2018 година, додека уделот на пазарот се зголеми на 8,79%.

Долгогодишниот лидер на осигурителниот пазар Uniqa Оsiguranjе падна на третото место со вкупна премија 32,3 милиони евра. Растот на ова осигурително дрштво, кое работи под покровителство на австриската група со исто име, беше 2,5% минатата година, со удел на пазарот од 8,31%.

Вкупната премија за осигурување во Босна и Херцеговина минатата година изнесувала 389,7 милиони евра, што е за околу 7% повеќе од 2018 година, кога изнесуваше 364,3 милиони евра.

Вкупните исплатени побарувања достигнаа ниво од 153,9 милиони евра и беа повисоки за 8,2% од претходната година кога беа реализирани на ниво од 124,7 милиони евра.

Фото: Adriatic Osiguranje