Jelly, минијатурен паметен телефон

22

 

uniherz

Фото: Facebook

Кинеската компанија Unihertz произведе минијатурен 4G паметен телефон. Телефонот Jelly функционира како и останатите паметни телефони и сите апликации за Android системи може да се инсталираат на него.

Телефонот има 2,45 инчен екран, поддржува работа на две картички, работи на Android Nougat оперативен систем и доаѓа во три бои: бела, сина и црна. Jelly има предна камера од 2 MP и задна камера од 8 MP.

Овој телефон е наменет да биде алтернатива на корисниците на паметни телефони кои може да го користат како дополнителен телефон, пишува The Verge.

Телефонот е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter, опишан како “мини телефон со сите карактеристики“.

Досега од потребните 30.000 долари има собрано над 274.490 долари.