
Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол, Андреја Јосифовски купи 80 обични акции од друштвото, стои во официјалното известување доставено до Македонска берза.
„Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската
Берза на хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на
Управниот одбор Андреја Јосифовски, се стекна со 80 обични акции од
издавачот Макпетрол А.Д. – Скопје“.
Кога високо позициониран раководител (инсајдер) купува акции, тоа често се толкува како знак дека тој има доверба во идните перформанси на компанијата. Инвеститорите често го гледаат ова како индикатор дека раководството очекува раст или стабилност на акциите.
Просечната цена по која се тргувала акцијата на Макпетрол вчера е 114.460,00 денари.