Како да бидете мотивирани и да излезете од комфорната зона

29

komfort

Фото: Pixabay

Успехот не може да дојде ако не ја напуштите комфорната зона и ако не излезете од рутината којашто веќе долго време ве кочи. Без ризик, без нови чекори и промена на менталниот склоп нема движење, нема напредок.

Еве неколку начини повторно да ја пронајдете мотивацијата.

Направете го првиот чекор

Сè што треба да направите е да преземете иницијатива. Ќе биде тешко да се направи првиот чекор без разлика дали станува збор за ново работно место, нов проект, прв ден во салата за вежбање. Почетокот ќе биде најдолг, но како што ќе одминува времето, работата ќе врви полесно, ќе стекнете навика и искуство и движењето напред ќе биде поедноставно.

Бидете дел од нова околина

Започнете со мали промени што нема да бидат никаква закана, промена на дел од дневната рутина, посета на места каде што не сте практикувале да одите. Идејата е да се ставите себе си во нова територија каде умешно ќе ги контролирате случувањата.

Не ја избирајте сигурната опција

Секогаш кога одбирате помеѓу две опции, едната е онаа безбедната, сигурната, а другата е таа што носи доза на ризик. Но, токму ризичната одлука е таа што ќе ве научи најмногу и ќе ви помогне да созреете. Затоа одберете го потешкиот пат.

Донесете одлука без многу размислување

Секако, тоа не мора да биде една од најважните одлуки во вашиот живот. Може да биде било што, од избор на ресторан до место каде ќе купувате намирници. Она што треба да го направите е да изберете нешто невообичаено за вас без притоа многу да размислувате. Ако и тоа не можете да го направите, фрлете паричка и останете на одлуката. Брзите одлуки често носат чувство на самодоверба.

Земете во предвид туѓи размислувања

Трудете се што почесто да бидете во близина на паметни луѓе што не се согласуваат со вас за многу работи. Дебатирајте со нив, разговарајте на секакви теми, секако на достоен начин, што ќе придонесе да ги преиспитате сопствените верувања.

Кажувајте ДА почесто

Не се плашете да кажете да, дури и ако мислите дека сте неподготвени. На работа прифаќајте нови проекти, задачи, улоги… макар и тоа да е нешто што никогаш не сте го направиле. Со тоа ќе отворите нови врати и можности за вашата кариера. Можеби на ваше изненадување ќе најдете нешто што ќе ви причинува големо задоволство.

Правете го тоа што ве плаши

Сменете ја насоката на размислување. Ако постои некоја работа што ве плаши, направете ја. Само така ќе го совладате стравот. Тој нема да исчезне во целост, но ќе научите да правилно да ја контролирате и насочувате енергијата.