Како да се подготвите за големата шанса

26

kocki

Фото: Pexels

Луѓето живеат во надеж и очекувања. Повеќето сонуваат дека во животот им престои голема шанса. За многумина шансата се појавила, меѓутоа тие не ја искористиле, бидејќи не биле подготвени.

Зошто да си ја уништите шансата без реално да се подготвите? Можеби тоа е така, затоа што вистиниски не верувате дека е можно да ја добиете? Доколку се појави и вие не ја препознаете или не можете да се справите со предизвикот, тогаш ќе ги разочарате луѓето и вашата репутација. А можно е никогаш повторно да не ја добиете истата шанса.

Единствената полоша работа од тоа да не добиете шансата, е да ја уништите веќе понудената.

Убаво е да сонуваме дека ќе постигнеме големи работи во животот, но доколку сакаме да бидеме подготвени кога шансата ќе ни биде понудена, треба да си ги поставиме себеси овие пет прашања:

1. Дали ја имате потребната инфраструктура/ресурси?

Доколку работите на нешто големо, тогаш треба да бидете сигурни дека ги имате вистинските алатки за да успеете. Тоа значи дека треба да имате подготвени луѓе и процеси, кои можат да одговорат на предизвикот. Не мора се да правите сами, партнерите и контактите што ги имате можат да ви помогнат. Секогаш имајте резерва на ресурси кои ќе ви се најдат во мигот на експанзија.

2. Дали ги имате потребните вештини?

Ништо не изгледа полошо од преценување на вашето знаење, експертиза и способности. И кога ќе се појави големата шанса вие ќе бидете некомпетентни. Пред да се појави големата шанса, бидете самокритични и брутално искрени со самите себеси. Размислете дали ги поседувате потребните вештини и знаење кое е потребно за да понудите квалитет. Размислете убаво дали сте во можност да одговорите на предизвикот и да се надоградите. Доколку не сте, тогаш е најпаметно да ја пропуштите шансата.

3. Дали имате време?

Големиот број на обврски ќе влијаат во нивното извршување. Вашиот фокус и труд нема да биде ефикасен доколку е распределен на многу работи. Дали сте спремни да ги жртвувате другите активности за да се посветите на оваа шанса? Можеби ќе биде потребно да се откажете од некои работи и одредени врски, за да можете да направите место за големата шанса.

4. Дали имате тим?

За реализација на голема шанса, често е потребен тим. Како лидер, вие требате да го оцените нивото на подготвеност на вашите вработени. Исто така тие треба да бидат подготвени и добро информирани. Не е потребно сите да бидат возбудени предвреме, меѓутоа е потребно да ги информирате дека ќе треба да одвојат време за новите обврски. Потребно е да им овозможите тренинг, кој ќе им ја подигне самодовербата и да верувате во нивните способности.

5. Дали сте подготвени за обврска?

Вашиот мозок мора да биде подготвен за вистински да се посвети на новата шанса. Повеќето од шансите ни изгледаат добри, се додека реално не согледаме што е потребно за нивното исполнување. Завршете ја домашната задача. Истражете што всушност значи оваа голема шанса. Одлучете дали вистински сте подготвени да се откажете од некои работи, за да го исполните вашиот сон.