Како полесно да се адаптирате на новото работно место

19

biro-1

Фото: Pexel

Во време на отпуштања и голема безработица, адаптирањето во новата работна средина е поважно од кога било. Во едно истражување спроведено од компанијата Leadership IQ се вели дека од 20.000 ново вработени, дури 46% имале негативно искуство во првите 18 месеци, почнувајќи од лоши критики до отпуштање.

Зошто се случува тоа? Експертите велат дека една од причините е тоа што на вработените не им е даден јасен опис на работното место при вработувањето.

Од самиот старт секој нововработен треба да биде информиран за тоа какви должности и обврски носи работното место. Но, треба да се има и во предвид дека работните задачи можат да се менуваат со оглед на динамичното живеење на денешницата.

За да избегнете недоразбирања, обидете се да се информирате колку можете повеќе за компанијата каде што се вработувате. Секоја информација што ќе ја добиете ќе ви биде добродојдена.

Според психологот Алберт Џ. Бернштајн најдобар начин за да опстанете во група е да знаете да слушате. Колегите сакаат да видат дека вие го цените знаењето и искуството на групата.

Секогаш е важно да се добие фидбек за сработеното. Доколку не добивате, побарајте, разговарајте со надредените, прашувајте ги дали добро си ја вршите работата, во што треба повеќе да вложите и слично.

Можеби тоа што ќе го чуете нема да ви се допадне, но барем ќе знаете што треба да направите понатаму.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се адаптирате во новата работна средина:

Не зборувајте за она што сте го правеле на претходното работно место. Може многу да ве чини.

Не блефирајте. Ако не знаете како да сработите нешто, прашајте.

Признајте си ги грешките. Секој греши. Не се обидувајте да ги прекриете.

Прашувајте, фаќајте забелешки. Но, внимавајте да не станете досадни, запаметете го она што го ви кажуваат, не прашувајте исти работи постојано.

Ако работите во канцеларија, не се облекувајте премногу лежерно. Делувајте пристојно во секој момент.

Внимавајте што се зборува за време на team building часовите. Бидете активен слушач и говорник.

И запомнете, секое работно место си има свој ритам, треба само да се научите да го следите.