
Фото: Pixabay
Успехот во голема мера зависи од вработените. Затоа е многу важно да ги одберете вистинските луѓе.
Еве што треба да земете во предвид при регрутација на кадарот:
Работната средина, корпоративните вредности и културата на работењето мораат да бидат јасно дефинирани пред вработувањето. Доколку истите не ги претставите во вистинско светло, можно е да не ги дознаете вистинските вредности на кадидатот.
Кандидатот треба да се вклопи во културата и вредностите на компанијата. Во спротивно способностите многу потешко ќе дојдат до израз.
Вистинскиот кандидат за вистинското место. Тој/таа треба да има таква личност која ќе одговара на стилот, енергијата и останатите фактори за дадената работна позиција.
Кандидатот треба да е пред сè позитивен и срдечен. Тоа се карактеристики кои се потребни во секоја сфера од животот, а особено на работното место.
Способностите треба да се проверат на дело. Кратките биографии не се секогаш мерило за знаењата и умеењата на кандидатот.
Реално претставете ја работата пред кандидатот. Бидете искрени ако сакате да добиете искрени одговори.
Желбата за работа како појдовна точка. Дознајте дали кандидатот е подготвен да се посвети на компанијата или е само една попатна станица додека не најде подобра работа.