Каква страшна приказна се случила во Словенија, дури и не би поверувале

50

Каква страшна приказна се случила во Словенија, дури и не би поверувале. Словенка која живее во близина на Љубљана, заедно со неколку пријатели направила план како да заработи пола милион евра. Најпрвин во измамата склучила осигурителни договори со полиса во случај на несреќа со високи повреди и тоа со пет осигурителни компании. На самиот почеток на оваа година почнала да ги плаќа ратите од осигурувањето и план влегол во самата реализација.

Девојката намерно си ја отсекла раката со намера да се прикаже како несреќа, при сечење дрва. Се јавиле во Брза помош, пријавиле несреќа и побарале помош. Кога пристигнала Брзата помош луѓето кои давале помош, кажале дека наводно си ја исекла со циркуларна пила додека сечела дрва за огрев.

Еден од помошниците на девојката, се преправал дека дава прва помош и намерно заборавил на медицинските екипи да им го даде отсечениот дел од раката. На докторите им станало сомнително и се вратиле назад да го земат отсечениот дел. Потоа со оперативен зафат и ја зашиле раката на девојката.

По само неколку дена од несреќата, тие започнале постапка со барање отштета од осигурителните компании. Но, на осигурителните компании им паднало чудно и пријавиле во полиција.

Полицијата по комплетирање на случајот, ја привеле девојката, а со неа и останатите осомничени три лица, мажи на возраст од 29, 58 и 63 години. По испрашување,  полицијата дошла до планот, а 21-годишната девојка и 29-годишниот маж добиле притворот, кој им бил продолжен за 30 денови.

Доколку успеале да ја продадат приказната, девојката ќе наплатела од осигурителните куќи суми од 383.000 евра обештетување, како и пензија со цифра над 3.000 евра како доживотна месечна рента за инвалидитет.