Климе Попоски поднесе оставка од функцијата потпретседател на Управниот одбор на МАКЕДОНИЈА Осигурување

Климе Попоски на 24 април поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје -Виена Иншуренс Груп. Оставката на Попоски беше официјално потврдена на седницата на Надзорниот одбор на истата дата.

Оставката на Попоски е со важност од 01.06.2025 година. Тој ќе ги извршува своите обврски како член и потпретседател на Управниот одбор заклучно со 31.05.2025 година, се наведува во соопштението објавено преку Македонска берза.