Фото: Pixabay
Колку и дали добрината може да биде од корист на работното место, прочитајте во продолжение.
Луѓето ќе ве гледаат како слабак
Ваквото гледиште во голема мера се должи на тоа што вашите потреби ги ставате пред потребите на другите. Да се биде добар спрема другите е благородна работа, но сепак мора да бидете будни и да внимавате на себе, од причина што останатите ќе го третираат тоа како слабост и ќе сакаат да ве искористат.
Заборавате да бидете добри кон себе
Не заборавајте да бидете добри кон себе. Да се биде одговорен е одлично за бизнисот, но ако претерате нема да остане време за вашите потреби и развој на долгорочните цели на компанијата. Балансот треба секогаш да се одржува без разлика дали станува збор за вработените, колегите или за бизнис партнерите.
Привлекувате погрешни луѓе
Добрината може е потребна за здрави и значајни односи со луѓето, но неспособноста да се постават граници може да има само негативно влијание. Ако сте премногу добри, голема е веројатноста да привлечете премногу чувствителни луѓе, личности кои бараат многу од вас, луѓе опседнати со контрола и слично.
Недоверба
Факт е дека кога сте премногу добар може да бидете и мета на сомнеж. Луѓето ќе веруваат дека имате некој скриен план, инаку зошто би ги правеле сите тие добри работи, кога денес не постои ништо бесплатно во светот.
Неисполнети очекувања
Да се биде безрезервно добар може да го искриви вашето гледиште кон светот, очекувајќи и од другите да ги потиснат нивните интереси во корист на вашите. Доколку очекувањата не им бидат исполнети, премногу добрите за останатите ќе мислат дека се лоши кон нив и ги земаат здраво за готово.