Креаторот на легендарната игра Super Mario Bros. ќе добие највисоки почести за своето дело

100

Шигеру Мјамото, креатор на видео играта Super Mario Bros.(Супер Марио), ќе биде награден со престижна титула во Јапонија. На трети ноември, Денот на културата во земјата, тој ќе ја добие наградата Person of Cultural Merit, што е едно од највисоките признанија во Јапонија.

Мјамото ќе биде првата личност од индустријата за видео игри што добива вакво признание и почести, пишува Games Radar.

Својата кариера во компанијата Nintendo ја започнал во 1977 година и во голема мера има придонесено за нејзиниот успех. Шееест и шестгодишниот Мјамото ги има создадено некои од најголемите франшизи на брендот.

Освен легендарната игра Super Mario, тој е креатор и на The Legend of Zelda, Donkey Kong и Star Fox.

Фото: Facebook