Фото: Facebook
Францускиот козметички гигант L’Oreal ја купи канадска компанија ModiFace, којашто користи вештачка интелигенција за да им помогне на корисниците да аплицираат шминка, пренесува Independent.
ModiFace, којашто е основана пред 11 години во Торонто, користи технологија што им помага на корисниците да применат виртуелна шминка со следење на обликот и цртите на лицето, како и бојата на кожата.
L’Oreal е најголемата козметичка компанија во светот и има меѓународно портфолио од 34 брендови, вклучувајќи Lancome, Biotherm, Kiehl’s, Garnier и Maybelline. Во неа работат околу 82.600 лица на глобално ниво, вклучувајќи и околу 3.900 кои работат во секторот за истражување и иновации.
Од компанијата веќе ја покажаа својата посветеност на вештачката интелигенција преку нови производи, вклучувајќи паметни четки за грижа на коса.
ModiFace ќе остане со седиште во Торонто по преземањето.