Лидерски трендови во 2014 година

18

liderstvo

Фото: Pixabay

Кои се најиновативните методи што се учат во бизнис училиштата и ги имплементираат извршните директори? Прочитајте кои три методи се препорачуваат за 2014 година, кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери.

1. Отклучете ја скриената сила

Најдобрите лидери успеваат да ги изнајдат патиштата со кои ќе ја отклучат скриената сила на вработените. Тоа се постигнува со градење на блиски односи со вработените, кои ќе им предизвикаат чувство на припадност во компанијата. Оваа позитивна психологија ќе се одрази со поголема продуктивност во работењето. Меѓутоа, за подобра соработка потребно е јасно дефинирање на работните задачи.

2. Дајте втора шанса

Доколку сакате да бидете добри лидери, треба да ја задржите човечноста во себе. Најдобрите лидери се водат според импулсот на срцето, а потоа го слушаат мозокот. На вработените не треба да им дадете само работа, туку и можност за градење на кариера.

3. Имплементирајте демократија

Во минатите декади можевме да забележиме лидери кои командуваа и контролираа, меѓутоа овој начин на работа не може да се примени во денешната бизнис средина. Луѓето сакат да си го искажат мислењето, да партиципираат во работата, а сето тоа бара воведување на демократски принципи.