Мицкоски: Ќе се зголемат средствата за капитални проекти, ќе се донесат странски инвестиции и нови работни места во Кочани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес во однос на тоа кои се плановите на Владата за поддршка на Кочани, освен помошта на семејствата на повредените и загинатите во големата трагедија, изјави дека Кочани ќе биде главен приоритет во периодот којшто следи, како што беше и во минатото исто така.

“Ќе бидат  зголемени средствата во периодот што следи, во делот на инвестиции во Кочани, но ќе биде и приоритет во делот на обезбедување инвеститори и креирање на нови добро платени работни места во иднина. Веќе со две такви компании разговараме, преговараме, иако беа веќе утврдени местата на инвестиции, сега тие ќе се пренасочат во Кочани, во зоната таму“, изјави Мицкоски.