Morus Zero – компактна вакуум машина за брзо сушење на алишта

218

Morus Zero е компактна машина за сушење на алишта којашто работи на принцип на вакуум и со тоа ја елиминира потребата од дополнителна инсталација на цевки. Може да се постави било каде во домот, а собира 1,5 килограми водени алишта.

Користи пумпа за да го истисне воздухот од внатрешната комора и да создаде вакуум. Тоа овозможува водата да испарува од алиштата на пониска температура. На овој начин машината штеди енергија и време, а според тимот од Сан Франциско алиштата се суви за само 15 минути.

Сензор детектира кога облеката е сува и автоматски ја исклучува машината. Водата што испарува се собира во сад којшто со лизгање се вади од долниот дел на Morus Zero. Корисникот добива известување кога садот ќе треба да се испразни, а ултравиолетова светлина во внатрешноста на машината ги убива бактериите коишто можат да останат на алиштата.

Производот има своја кампања на Kickstarter, планираната цена е 549 долари, а првите испораки се очекуваат во декември.

Фото: Kickstarter