Мотивација за креирање на старт – ап во неколку реченици

25

За сите оние на кои им е потребна дополнителна мотивација за да ја стават својата идеја во движење.

cuda-pixabay

Фото: Pixabay

Деталите не се само детали. Тие го креираат дизајнот.

Добриот дизајн е очигледен. Одличниот дизајн е транспарентен.

Дизајнот не е само изгледот и доживувањето, дизајнот е тоа што функционира – Стив Џобс.

Едноставноста е ултимативна софистицираност – Леонардо Да Винчи.

Не постои дизајн без дисциплина. Не постои дисциплина без интелигенција.

Креативноста е заразна – Алберт Ајнштајн.

Не можете да ја исцрпете креативноста, колку повеќе ја користите толку повеќе ја имате.

Многу често луѓето не знаат што сакаат сè додека не им покажете – Стив Џобс.

Главниот непријател на креативноста е добрата смисла.

Среќа е кога подготвеноста ја сретнува можноста.

Кога ќе се брендирате на вистинскиот начин, конкуренцијата станува ирелевантна.

Зошто да се вклопите кога сте родени да се истакнете?

Ништо не им влијае на луѓето повеќе од препорака дадена од добар пријател – Марк Цукерберг.

Работите секогаш изгледаат невозможно, сè додека не се направат – Нелсон Мандела.

Вработете ги оние луѓе кои умеат да решаваат проблеми, они кои гледаат шанси каде останатите гледаат невозможна ситуација, вработете претприемачи.