Најчести грешки во првата година од бизнисот

37

domino

Фото: Pixabay

Секој кој ќе се одлучи да стане претприемач, треба да знае дека не постои сигурен пат по кој треба да се оди за во краток рок да се постигне финансиски успех. Од друга страна, треба да биде свесен дека 90% од стартапите исчезнуваат по првите две години од постоењето. Причина за тоа се големиот број на грешки што се прават кога се започнува бизнис. Претприемачите мораат да се обидат да ги избегнуваат или барем да ги прават што поретко, а исклучително е важно грешките да не се потценуваат. Еве на што треба да се внимава во првата година од бизнисот:

Се обидувате се да работите сами

Водењето стартап е прилично стресно и никој не е добар во се. За да се поштедите од “прегорување” ќе ви бидат потребни партнери или соосновачи во кои имате доверба и на кои можете да пренесете дел од работата. Со помош на другите ќе бидете попродуктивни.

Многу соосновачи

Започнувањето бизнис со четворица пријатели може да ви се чини како одлична идеја, но тоа во исто време значи дека во старт се одрекувате од 80% од фирмата. Таквото водење на фирма не е лесно затоа што е многу тешко да се усогласат визиите со многубројните партнери, а се јавуваат и фрустрации околу тоа кој колку работи и помага.

Форсирате работа што едноставно не оди

Сте дале отказ убедени дека имате идеја што “ќе растури”. Но, не сте успеале, потфатот неславно пропаднал. Што сега? Како прво, никогаш не треба да давате отказ ако имате постојано работно место додека не ја тестирате својата идеја и додека не се уверите дека функционира. Дури и тогаш е тешко да се предвиди иднината на стартап потфатот. Бидете флексибини и подготвени на неуспех. Не запнувајте за некоја идеја само затоа што вам ви е привлечна. Ако не оди, изолирајте ги сегментите што функционираат и од нив создадете нова фирма. Некои од најуспешните компании никнале од пепелта на пропаднати стартапи.

Лоша комуникација и игнорирање на критики

Често е тешко јасно да им се пренесе на другите идејата што ја имате во главата. Држете ги линиите на комуникација отворени и присилете се да ги послушате критичарите. Тешко е да се научи како да се управува со луѓето, но ако не научите да комуницирате, ќе ги уништите односите со клиентите и со вработените.

Алчност

Да се биде паметен претприемач значи да се знае кога треба да се напушти играта. Многу претприемачи своите компании или проекти одбиле да ги продадат и покрај добрите понуди на потенцијалните купувачи. Ваквиот потег е за пофалба, но често може да биде и голема грешка. Има многу примери кога компаниите губеле на вредност, затоа е подобро да се продаде и за помал износ, отколку да се чекаат милионски понуди.

Нетрпеливост

Ако тежнеете кон брз раст и фокусирани сте само на тоа, доаѓате во опасност да го занемарите развојот на производот. Различни типови стартапи растат со различно темпо. Поставете ја целта во согласност со слични претпријатија и според тоа прилагодете ги своите очекувања. Ако паметно ја водите фирмата, ќе мора да почекате да порасне и да заработите доволно за вработување на работници специјализирани за одредени подрачја. Тоа може да трае со години, затоа наоружајте се со трпение и бидете свесни на своите ограничувања.