Најчести старт – ап грешки

21

startup-pixabay

Фото: Pixabay

Размислувате за планот како да е краен резултат

Додека да ги поставите целите, креирате долгорочни планови, што и како да се направи, вие го заборавте она најбитното – да го почнете бизнисот. Имате план, имате идеја… стартувајте, а со време ќе се прилагодувате на процесот.

Претпоставувате дека стилот е главен двигател

Одлични логоа, пакувања, супер гардероба, најмодерни канцеларии… ниедно од нив нема да ви користи ако не се покажете на дело. Бизнисот треба да се движи, а не да се покажува. Вашиот бизнис и личен стил ќе креираат препознатлив бренд само ако знаете истиот да го испорачате. Бидете свои и фатете се за работа.

Сакате се одеднаш

Извршувањето на работите е она суштинското во бизнисот. Ако земете повеќе од што можете да сработите, ризикувате да не успеете. Проверете се што се нуди на бизнис менито, но одберете само неколку работи. Не дозволувајте егото да ве надвладее, започнете со малку. Така стартувале и најуспешните бизниси.

Барате совршенство

Ниеден производ не може да ги задоволи потребите на сите клиенти. Испитајте што е она што клиентите преферираат и тргнете во таа насока на креирање. Без реален фидбек, не можете да претпоставувате и заборавете на совршенството, тоа не постои.

Лоша проценка на потребните финансии

Кога се почнува бизнис, честопати излегуваат непредвидени трошоци. Калкулациите не можат секогаш да бидат точни. Затоа внимавајте кога ги правите пресметките и секогаш имајте бек ап план во случај нешто да излезе поинаку.

Прерано откажување

Претприемачите кои успеале во бизнисот, работеле долго и напорно. Пред да помислите на откажување, запрашајте се дали ако вложите повеќе труд ќе може да ги надмините тешкотиите. Понекогаш не е во прашање пазарот. Не се откажувајте додека не бидете сосема сигурни дека не постои излез. Проблемот може лежи во вас самите.

Што другите ќе помислат

Сите сме помалку или повеќе под влијание на туѓото мислење. Доколку дозволите тоа да ве води, заборавете да го живеете својот живот и да го исполните она што навистина го сакате. Прифаќајте совети но, не заборавајте да се слушате вие самите.