Намалена довербата на потрошувачите во Европа

18

Довербата на потрошувачите во Европската унија и еврозоната ослабе во август, втор месец по ред, според првичните податоци на Европската комисија, што ја одразува загриженоста на граѓаните за брзото ширење на делта варијантата на коронавирусот.

Индексот на доверба на потрошувачите на Европската унија падна за 0,7 поени во август од јули на минус 6,3 поени, се вели во извештајот на комисијата објавен во понеделникот.

Сличен тренд е забележан и во еврозоната, каде што индексот се намали за 0,9 поени во однос на јули, „лизгајќи“ на минус 5,4 поени.

Минатиот месец, индексот падна за 1,1 поен во двете области, сигнализирајќи ја загриженоста на граѓаните за брзото ширење на делта варијантата на коронавирус, која беше засенета со забрзана вакцинација против Ковид -19.

Истражувањето беше спроведено помеѓу 1 и 22 август, а ЕК ќе објави целосен извештај за економската клима во ЕУ и еврозоната во август.