Nanoleaf Aurora – систем за осветлување што менува боја според музиката

113

yy

Фото: Youtube

Nanoleaf Aurora е модуларен систем за осветлување, составен од LED панели во форма на триаголник, што можат да се постават во различни форми според просторот и расположението на корисникот.

Светлата се активираат со користење на гласовна команда преку Siri, Amazon Alexa или Google Assistant. Тоа може да се направи и преку копче на физичкиот контролор, пишува Mashable.

Корисникот преку апликација си одбира кога и како ќе се појават боите и какви ќе бидат тие, односно создава персонализирано светлечко искуство. Боите може да се менуваат според времето од денот, расположениот, присутните луѓе во собата и слично.

Nanoleaf Aurora доаѓа заедно со уред за напојување и нема потреба од батерии или жици. Еден систем може да поддржува најмногу до 31 панел, а основните комплети започнуваат со девет панели.