Не ја “убивајте” мотивацијата кај вработените

65

kopce

Фото: Pixabay

Честа грешка, особено кога понудата на работна сила е голема, е лошиот третман кон вработените, кој најчесто се рефлектира во:

Лошата политика на наградување – првенствено платата и бонусите

Недоволното вложување во професионалниот развој на вработените – обуки, тренинзи, семинари, разни курсеви…

Честите промени во кадровската политика што придонесува за голем степен на флуктуација во организацијата.

Добриот менаџер не треба да се води од помислата дека лесно ќе најде друга личност за истото работно место, доколку вработенииот не придонесува доволно.

Наместо тоа, тој/таа треба да го искористи ентузијазмот на своите вработени и да ја насочува нивната енергија кон исполнување на поставените цели.

Менаџерот има должност да им овозможи на сите членови од тимот добро да ги разберат целите на компанијата и да бидат обучени за нивно исполнување.

Тој/таа треба да ги води, насочува и контролира процесите, да води сметка за исполнување на задачите и да дава повратни информации.

Најважно од сè е менаџерот да го препознае и награди напорот и придонесот на вработените во реализација на задачите.

Кога активностите во компанијата ќе се постават на таков начин, мотивацијата и посветеноста на вработените ќе расте заедно со нивните способности. Така сите вработени ќе можат да учествуваат во остварување на поставените цели и да ги исполнуваат сите сложени задачи.