Nike со нов дизајн на патики за полесно облекување

228

Air Zoom Pegasus 35 FlyEase e името на новиот модел на патики од Nike коишто лесно се облекуваат, благодарение на посебна техника.

За разлика од обичните патики, овој модел има патент на задниот дел, односно ја користи технологијата FlyEase technology, којашто им овозможува на корисниците да го стават стапалото во патиката со минимален напор.

Дизајнот е инспириран од параолимписките натпреварувачи кои имале потешкотии при облекување на патиките. Затоа сега наместо врвки, корисникот со една рака ќе може да ја откопча патиката од задниот дел, пишува Huffington Post.

Еластична, прилагодлива лента, потоа се прицврстува за предниот дел од патиката и овозможува стапалото да биде доволно стегнато во правилна положба.

Моделот е достапен за мажи, жени и деца.

Фото: Nike