
НЛБ Банка известува дека пензиите се исплатени и пензионерите средствата можат да ги користат уште веднаш.
Од банката советуваат, ценетото време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Пензијата можете да ја подигнете и во експозитурите на нашата Банка, соопштуваат од НЛБ Банка преку објава на Фејсбук.