Одбележување на Денот на осигурувањето во Македонија

35

personal insuranceВо Агенцијата за супервизија на осигурување по повод Денот на осигурувањето денес ќе одржи свеченост, а Националното биро за осигурување ја организира Петтата меѓународна конференција Предизвици на осигурителната индустрија во Република Македонија.

На манифестацијат ќе зборуваат заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски и претседателот на Управниот одбор на Национално биро за осигурување Зоран Нарашанов.

Во рамки на настанот предвидено е доделување на Плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2013 година, како и доделување на Уверенија за положен стручен испит за добивање на дозвола за работа како овластен актуар.