Паметна налепница што детектира насилство

38

2

Фото: MIT

Научник од Универзитетот MIT, Маниша Мохан создаде уред што може да детектира и превенира сексуално насилство. Interpid е направен во облик на паметна налепница којашто корисникот може да ја стави на некој дел од гардеробата и се поврзува со паметен телефон преку Bluetooth. Ако дојде до насилство, оваа налепница алармира преку порака или повик до пет контакти кои претходно се внесуваат во апликацијата.

Intrepid функционира на тој начин што може да забележи на кој начин е отстранета облеката и испраќа порака до контактите, пишува Ubergizmo.

Мохан вели дека уредот е тестиран на 70 лица со цел да се провери дали е удобен за носење и многумина од нив сметаат дека не е нападен. Доколку корисникот заборави да го отстрани од гардеробата, Interpid ќе го “преживее“ и перењето во машина.