Плива по втор пат добитник на наградата Супербрендс Македонија

23

pliva_zgradaПлива по втор пат ја освојува наградата Супребрендс Македонија. Фармацевтската компанија ја доби оваа награда врз основа на гласовите од повеќе од 20.000 крајни корисници и стручното жири.

Наградата Супербрендс се доделува на бренд со висок квалитет, оригиналност и емоционална вредност за крајниот корисник.

Меѓународната организација, која е присутна во повеќе од 88 земји во светот, е единствен глобален и независен авторитет во подрачјето на брендирање.

“Оваа награда за Плива е доказ за квалитет, високи стандарди и потврда за значењето на нејзиниот квалитет на македонскиот пазар и на пазарот во целиот регион”, изјави Петар Велковски, директор на Плива Скопје.

Фармацевтската компанија прв пат ја освои оваа награда во 2011 година.