Почина милијардерот Хајнц-Хорст Даихман, кралот на чевлите

58

Heinz-Horst-Deichmann-1814x1940

Хајнц – Хорст Даихман, германскиот милијардер, кој беше на чело на најголемата компанија за продажба на чевли во Европа, Deichmann – Schuhe SE, почина на 2 октомври, во 88-та година од животот.

Даихман годинава беше рангиран како 359-от најбогат човек според Forbes, со заработувачка од 4,2 милијарди долари. Компанијата која моментално брои 3.500 продавници ширум светот, минатата година продаде 167 милиони пара чевли.

Од 1999 па наваму, одговорен за бизнисот е неговиот син Хајнрих.

Даихман или кралот на чевлите, студирал медицина и теологија во Бон и Дизелдорф и имал своја ортопедска ординација, која во 1956 ја напушта и целосно се посветува на семејниот бизнис со чевли.

Како голем филантроп, тој постојано им помагал на своите работници, обезбедувајќи им бесплатно лекарско лекување во Швајцарија. Соработувал со голем број хуманитарни друштва, од кои најпозната е програмата “wortundtat”, првобитно програма за помош на заболени од лепра во Индија, а денес истата нуди медицински услуги за околу 130.000 луѓе во Индија, Танзанија, Молдавија, Грција и Германија.

Тој зад себе остави еден син и три ќерки.