Потврдено, доаѓа златен iPhone

22

24ct_full_gold_iphone_4gApple наскоро ќе лансира во продажба златна верзија на iPhone, објави интернет порталот за новости во технологијата TechCrunch.

Минатата недела аналитичарот од KGI Минг Чи Куо, исто така изјави дека следната верзија на iPhone, која најверојатно ќе биде нарачена iPhone 5S, ќе биде од злато.

Златната ќе биде трета опција на боја за iPhone 5S. Трите опции вклучуваат: црн со алуминиумски додатоци, бел со сребрен алуминиум и бел со златен алуминиум.

“Златната боја нема да биде сјајна, односно нема да свети како што свети златото. Повеќе ќе биде како златна – шампањ боја”, вели МГ Сиглер од TechCrunch.