Повратот преку „Мој ДДВ“ се зголемува на 2.100 денари

46
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица, на граѓаните кои скенираат фискални сметки наместо 1.800 денари, може да им се врати се врати максимален износ од 2.100 денари за едно тримесечје.

Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година.