
Малопродажбата на рускиот национален алкохолен пијалок, вотка, се намали за 3,7 проценти на годишно ниво, објави Руската федерална служба за контрола на пазарот на алкохол и тутун.
Според овие податоци, од јануари до октомври оваа година, на рускиот пазар се продадени 60,22 милиони декалитри вотка, објави ТАСС.
Покрај тоа, продажбата на коњак и бренди се намали за 9,1 процент на 10,3 милиони декалитри.














