Prodrive ќе го произведува најлесниот велосипед на светот – Hummingbird

76

fold3-1024x768

Фото: Hummingbird

Hummingbird е најлесниот велосипед во светот, којшто може да се склопува. Тежи само 6,9 килограми и е изработен од карбонски влакна, пишува Dezeen. По успешната кампања на платформата Kickstarter, велосипедот ќе почне да го изработува британската компанија за моторни возила Prodrive, позната по изработка и дизајн на автомобили за Aston Martin, MINI и Volkswagen.

Откако производот за прв пат беше претставен во 2015, компанијата направи низа подобрување на неговиот дизајн, како на пример оптимизирање на карбонските влакна на рамката со што се постигна минимален број на слоеви и максимална цврстина. Компанијата, исто така, ја намали тежината на велосипедот за дури 50% без да ја намали неговата издржливост.

Креаторот на Hummingbird, Питер Кракун, планира да креира и електрична верзија на велосипедот до крајот на годината.

Го има во четири бои> жолта, црна, сина и темно портокалова, а почетната цена ќе изнесува 3.495 долари.