Во известувањето преку македонска берза фармацевтската компанија Реплек инфоемира дека : Во согласност со посветеноста на Реплек АД на раст, иновации и глобална експанзија, компанијата ја продолжува својата инвестициска стратегија насочена кон дигитализација, автоматизација и подобрување на работните услови за вработените. Оваа стратегија има за цел да го поддржи очекуваниот годишен раст од 25%.
Преку овие инвестиции, компанијата ќе ги зајакне своите напори за проширување на портфолиото на производи, зголемување на пазарното учество и дополнително зацврстување на својата конкурентска позиција на пазарот.
За реализација на планираните инвестиции, Реплек АД обезбеди финансиска рамка во износ од 13 милиони евра, која е соодветно обезбедена. Овој капитал ќе го поддржи спроведувањето на планираните инвестициски проекти во периодот 2025-2027 година.