
Руските сопственици се согласија да го продадат својот удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), кој изнесува 56,15 проценти, изјави денес министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, објави РТС.
Таа рече дека НИС, преку своите адвокати во САД, поднел барање до американската влада за продолжување на работната дозвола, за да може да продолжи да испорачува сурова нафта, а рафинеријата во Панчево да продолжи со работа.
„Сега чекаме одлука на американската влада за да кажеме дали она што го предложиле е во ред и секако во што сме вклучени“, рече Ѓедовиќ Хандановиќ.
Нафтената индустрија на Србија, која е под санкции на САД од 9 октомври поради нејзиното мнозинско руско сопствеништво, вчера поднесе ново барање до Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца за да се овозможи непречено работење на компанијата.













