S.M.A.R.T – Паметно формулирање на целите

608

celi

Фото: Pexels

Формулирањето на целите е почетна точка во менаџментот и неговата крајна цел. Целите се основната планска одлука и сите останатите одлуки како што се стратегија, програми, проекти, политики, процедури и правила се донесуваат за да се остварат целите.

За да имаат смисла, целите треба да бидат правилно формулирани. Во деловниот свет тоа се вика S.M.A.R.T методологија, каде S.M.A.R.T е кратенка од Specific, Measurable, Achieveble, Realistic, Time-based.

Тоа значи дека целите треба да бидат:

Спрецифични (specific). Општите цели се однесуваат на секој и никој. Затоа целите треба да се специфични, односно да се однесуваат на конкретен производ, процес, пазар, поединец, организациска единица. Така прецизно ќе се дефинира одговорноста за нивно остварување.

Мерливи (measurable). Можете да управувате само со она што може да го измерите. На пример, задоволството на клиентите може да се измери со бројот на рекламации на купениот производ или услуга, или со бројот на повторена продажба.

Достижни (achieveble). Целите треба да инспирираат поединци, групи, цели организации, да вложат напор за истите да бидат постигнати. Формулирани на таков начин, целите имаат мотивационен карактер.

Реални (realistic). Тие треба да бидат реални, а не недостижни. Недостижните цели немаат мотивациона способност и како такви се бесполезни.

Временски одредени (time-based). Секоја цел треба да има краен рок на остварување, до крајот на годината, на месецот, неделата и слично.