Се воведува системот за е-фактура – крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот

Се воведува системот за е-фактура – крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот.

Генерално можеби да сумирам дека оваа е-фактура како процедура ќе значи да нема фантом фирми коишто 90, 100, 200, 300 милиони евра ќе украдат од Буџетот и од Вас граѓаните, ако добро се применува и се работи во што немам сомневање, така што за да можеме попластично сето тоа да го разбереме можноста да ни се случуваат фантом фирми коишто ќе добиваат поврат на ДДВ и преку ноќ ќе бидат отуѓувани на фантом луѓе повеќе со овој начин на функционирање ќе биде тешко или речиси невозможно, истакна Премиерот Христијан Мицкоски.

Јас можам да се заблагодарам еве од мое име и на УЈП, на директорката, на нејзиниот тим, на министерката за финансии што после долго време јас имам некоја меморија дека таму некаде 2015 година се започна овој процес, за нас од нејасни причини зошто тој беше континуирано, како да кажам беше одложуван, но сфативме после некои процеси коишто овој изминат период ги откривме и отвориме зошто бил одложуван. Еве конечно денес после повеќе од 10 години добива почеток и од она што го добивме на брифингот пред оваа прес-конференција е дека првиот кик оф, значи почнувањето со софтвер компанијата за имплементација ќе почнат 1 јули.