
Шест аеродроми во регионот, од територијата на поранешна Југославија, сè уште не успеале да се вратат во работа како пред пандемијата на Ковид. Љубљана, Тузла, Пула, Риека, Ниш и Брач летово ќе забележат помали бројки на капацитет во споредба со истиот период во 2019 година, иако секој од нив е засегнат од сопствените специфични проблеми како и општите промени на пазарот, пишува ExYuAviationNews.
Аеродромот во Љубљана, аеродромот на водечката економска земја во регионот, сè уште ги трпи последиците од затворањето на словенечката национална авиокомпанија „Адриа ервејс“ во септември 2019 година, која сочинуваше половина од нејзиниот сообраќај.
Во текот на оваа летна сезона, аеродромот ќе има 164.134 помалку слободни места отколку во годината пред пандемијата, откако ќе се врати значителен дел од капацитетот.
Аеродромот во Тузла беше погоден од повлекувањето на Wizz Air во септември 2023 година, што одзеде 139.939 седишта за ова лето. Аеродромот успеа да привлече нови авиопревозници – Pegasus Airlines и AJet започнаа летови од Истанбул (Sabiha Gökçen), но и стари бидејќи Wizz Air во јуни ќе лансира нова рута до Виена.
Во Хрватска, аеродромот во Пула изгуби голем сообраќај поради отсуството на руски и украински превозници, па годинава бележи намалување од 105.695 седишта во однос на 2019 година.
Иако се воведени неколку нови линии, аеродромот е погоден од отсуството на превозници од Русија и Украина, како и со прекин на летовите на British Airways, Swiss и LOT Polish Airlines, што значително се одрази на неговата поврзаност.
Намалувањето на капацитетот во Риека изнесува 9.242 места помалку од пред шест години. Компаниите Кондор, ЕрБалтик и Волотеа повеќе не оперираат на овој аеродром.
Брач, исто така, бележи намалување – 1.516 седишта помалку отколку во 2019 година – иако Sky Alps и Luxor започнаа летови до Брач. Аеродромот ја загуби услугата за TUI Fly Belgium, која претходно нудеше поголем капацитет од двата нови авиопревозници заедно.
Работите не се подобри во Ниш, каде аеродромот Константин Велики летово бележи намалување од 8.641 седишта. Wizz Air ја намали својата понуда за 24.000 седишта, но Ryanair го зголеми капацитетот за 23.400, речиси надополнувајќи ја загубата.
Сепак, вкупниот резултат останува негативен, имајќи предвид дека Swiss повеќе не одржува редовни летни летови до Ниш, туку ќе сообраќа само за време на шпицот на сезоната.