Што е ризичен капитал?

591

Ризичен капитал се формални или неформални облици на финансирање на мали, брзорастечки, но ризични фирми од коишто се очекува дека во иднина повеќекратно ќе ја зголемат вредноста на вложениот капитал.

Оттаму доаѓа и самиот збор “ризичен“ од причина што ризикот, вложените средства да се вратат, е голем. Ризичниот капитал може да се добие од бизнис-ангелите, како неформален ризичен капитал, и од официјалните ризични фондови, како формален ризичен капитал.

Целта на ова вложување е голема заработка, но и поддршка на иновативна бизнис идеја на претприемачите, односно на стартапите. За возврат “вложувачите“ добиваат значајен дел од сопствеништво на бизнисот.

Официјалниот ризичен фонд го сочинуваат институционалните инвеститори. Тука спаѓаат:

  • пензиските фондови,
  • осигурителните фондови,
  • богатите семејства,
  • одделите за ризичен капитал при комерцијалните банки

Тие играат улога како сопственици на средствата и лимитиран партнер, како и фирма на ризичен капитал којашто ги менаџира средствата што институционалните инвеститори привремено му ги отстапиле на официјалниот ризичен фонд, како генерален партнер.

Овој систем на финансирање носи голем ризик од неуспех па поради тоа вложувачите сакаат да го заштитат својот капитал. Како и при секое започнување на бизнисот финансиерите го бараат на увид комплетниот бизнис план на стартапот.

Откако ќе извршат детална анализа се пристапува на потпишување на договорите и барање на заедничките интереси.