Што е Wi – Fi 6?

37

Новиот стандард за безжичен пристап до интернет, Wi – Fi 6 веќе е достапен, а освен што нуди поголема брзина и домет, тој ќе го менува и начинот на којшто рутерите ќе управуваат со поголем број интернет уреди во домовите.

Wi – Fi 6 нуди брзина поголема за 30% во однос на Wi – Fi 5, со максимална брзина од околу 10Gbps.

Инаку, Wi – Fi 6 не е ново средство за поврзување со Интернет, но претставува подобрен стандард што компатибилни уреди, посебно рутерите, би можеле да понудат поефикасен пренос на Wi – Fi сигналот.

Зад Wi – Fi 6 стои Институтот на инженери за електротехника и електроника, што е најголемо светско здружение на технички експерти.

Фото: Pixabay