Што ќе се промени во продажбата во следните десет години?

31

shoping-pixabay

Фото: Pixabay

Продажбата и маркетингот за 10 години ќе изгледаат сосема различно отколку денес. Прочитајте кои се 5-те предвидувања за најголемите промени во продажбата:

1. Личните односи ќе станат поважни

Социјалните медиуми, пораките, видео конференциите и останатите мобилни технологии ќе го изгубат приматот и ќе се практикува повеќе контактот лице в лице. Додека употребата на технологиите ќе расте рапидно, бизис луѓето ќе ја воочат разликата меѓу онлајн “пријатели“ и личните односи кои ќе го зголемат контактот лице в лице и активното водење на бизнисот.

2. Тренинзите за продажба ќе се преместат од приватните обуки на колеџите и универзитетите

Обуките за продажба моментално се мулти-милијардерски бизнис во кој доминираат приватните тренинг компании, што нудат слични обуки и скоро идентична наставна програма. Во следната декада ќе се промени генералниот став на академиите што ги игнорираат учењата за техниките за продажба во корист на студиите за техниките за маркетингот. На универзитетите ќе се зголеми бројот на предмети за учење на продажбата.

3. Продавачите ќе станат поспецијализирани и попрофесионални

Традиционалната мудрост вели дека “добар продавач може да му продаде се на секого“. Но, тоа не може да е точно, бидејќи има различни начини на продажба. Продавачите веќе почнуваат да се специјализираат во однос на индустријата, бидејќи е потребна специјализирана експертиза.

4. Компаниите ќе вработуваат повеќе продавачи

Во изминатите неколку децении, повеќето бизнисмени ја третираа продажбата како нешто што ќе исчезне со појавата на интернетот. Но, тоа не се случи, бидејќи откако нешто ќе стане комодитет, тогаш се појавува потребата од изнаоѓање на нови решенија. Затоа континуирано се појавува потребата од вешти продавачи.

5. Продажниот менаџмент ќе стане посебна дисциплина

Во минатото беше тенденција најдобрите продавачи да се унапредат во менаџерска позиција. Откако продажбата ќе стане специјализирана и мерна единица, ќе биде појасно дека менаџирањето со продажбата е исто како тренирање на олимписки атлети и олимписки кандидати.