Што секој старт – ап треба да знае за своето лого

71

logo

Фото: Pixabay

Стартапот може одредено време да постои без да инвестирате во брендирање. Но, кога ќе треба да ја направите вашата прва продажба ќе посакате да имате нешто препознатливо. Откако брендот ќе биде формиран, логото станува фокус.

Причината зад логото

Логото му дава доза на професионалност на вашиот старт – ап, без разлика од каде работите. Тоа им покажува на вашите клиенти дека имате бизнис. Од таа причина треба да имате лого на коешто ќе бидете горди. Имајте предвид дека логото ќе биде насекаде, на вашата веб страна, производи, бизнис картички, билтени, социјални медиуми, реклами… Затоа не брзајте само да го креирате. Логото треба да кажува убави работи за вас и тоа што го правите.

Не морате да трошите премногу

Стартапите, особено оние во раната фаза, најчесто немаат доволно буџет за софистицирани изработки на логоа и токму затоа не треба да дозволат некој да ги излаже дека за добро лого треба да се потрошат многу пари. Постојат разни начини и луѓе што за помали суми можат да помогнат во изработка на логото. Ваше е да истражите малку повеќе и да заштедите некој денар.

Не се ограничувајте

Логото не треба да ве ограничува. Вашиот старт – ап е нешто што се менува и најверојатно ќе смени насока штом ќе започнете да добивате податоци и фидбек од клиентите. Лого што премногу личи на производот што во моментот го нудите не е добра идеја. Наместо тоа, обидете се со нешто поапстрактно и флексибилно. Нема да можете да си дозволите менување на логото секој пат кога вашиот бренд ќе смени насока.

Фокусирајте се на трите клучни работи

Првото лого на вашиот старт – ап не мора да собере награди и сите да ги остави без зборови. Но, секако мора да постои заради вистинските причини. За да биде така, фокусирајте се на следново:

Едноставност

Нема потреба од претерана софистицираност. Земете ги предвид големите брендови како Facebook и Google и нивните едноставни дизајни.

Впечатливост

Дали вашето лого е препознатливо или е тешко да го разликувате од другите брендови? Впечатливоста е важна работа, секоја компанија сака кога клиентите го препознаваат вашиот бренд во логото.

Прикладност

Логото треба да биде и соодветно за тоа што го преставува и да го прикажува вашиот бренд и вас во вистинското светло. Ако брендот и логото не се поврзани ќе си направите проблем што ќе се провлекува во сите ваши идни потфати поврзани со брендот.