Информатичарот од Загреб, Матија Матечиќ, го прави она што во Силиконската долина се обидуваат илјадници старт – ап бизниси. Тој направи едноставна и поволна web софтверска услуга наменета за микро, мали и средни претпријатија. Но, она што неговиот сервис за изработка на понуди и фактури преку интернет, наречен Solo, е поинаков од останатите, поради тоа што и покрај фокусот на хрватскиот пазар успеал за една година да прерасне во бизнис што остварува позитивни резултати, пишува хрватски Пословни дневник.
Матечиќ, сопственик и директор на компанијата COAX, вели дека минатата година со Solо реализирал околу 12.500 евра промет. Оваа година очекува подобар резултат бидејќи само во последната недела има 100 нови корисници на неговиот сервис.
“Сега имам вкупно 1.400, но ќе бидам скромен и ќе кажам дека ќе бидам задоволен до крајот на годината таа бројка да достигне 1.500“, вели Матечиќ. За него важен показател е тоа што од почетокот на годината бележи двојно повеќе корисници кои, наместо за бесплатниот, се одлучиле да се претплатат на пакетот кој чини околу 6,4 евра со ДДВ месечно.
“Solo не е замена за фискалните каси, сметководствениот софтвер и сметководството, туку е практично решение за забрзување и олеснување на работата на голем број мали бизниси кои трошат многу време во составување понуди и фактури преку Word“, објаснува Матечиќ. Тој се соочил со истиот проблем водејќи ја компанијата COAX, која до минатата година се занимавала со изработка на сложени web решенија.
“Во последната година и Solo доби низа напредни можности, но за целото време внимаваме и понатаму да остане целосно едноставен за користење“, вели Матечиќ.
Овој систем го препознале и неколку големи компании кои своите системи ги поврзуваат со Solо, што за Матечиќ е одлична прилика за натомошно продлабочување на соработката.